19.02.2021

Две нови имиња во составот за денешниот меч кој стартува од 15.30 часот во Арената „Молот“ во Перм

Тодоров го промени ростерот за мечот со Русија

Селекторот на нашиот сениорски национален состав, Александар Тодоров ги пополни оние 12. места кои ќе влезат во официјалниот протокол за средбата со Русија.

Се одлучи на натпреварот со домашната селекција која стартува од 15.30 часот (по македонско време), да им укаже доверба на следниве играчи:

Дамјан Робев, Виктор Ефремовски, Бојан Крстевски, Дамјан Стојановски, Кристијан Николов, Андреј Магдевски, Бојан Трајковски, Филип Бакоч, Џејкоб Вајли, Војдан Стојановски, Ненад Димитријевиќ и Стојан Ѓуроски.