И покрај проблемите кои ги имаше во пресрет на овој натпревар (стомачен вирус), Ненад Димитријевиќ собра сили и му се стави на располагање на шефот на струката на Хувентуд, Карлес Дуран.
И беше еден од најдобрите во тимот, кој за жал впиша убедлив пораз на ова гостување во Турција.
Тофаш беше сигурен, славеше со посакуваната разлика, победија со повеќе од четири поени, колку што загубија во Бадалона ( 91:76).
За 22:41 минута во игра, Димитријевиќ запиша 15.поени (0/2 за три, 6/9 за два и 3/3 за еден поен). Имаше и шест успешни пасови до соиграчите и еден скок, како и две загубени и една освоена топка.
По овој пораз, втор во четири мечеви, Хувентуд има многу помали шанси за премин меѓу осумте најдобри во Еврокупот.
Во следното коло, за седум дена ги чека уште едно тешко гостување, она во Морабанк Андора, каде ќе имаат уште една шанса да се најдат помеѓу двете екипи кои одат во следниот елиминациски круг од ова натпреварување.