22.02.2021

„Имаме осум поени предност, Сите знаат кои се нивните клучни играчи“- потсетува селекторот на Естонија

Тоијала знае како треба со Македонија: „Да се одбраниме од Димитријевиќ и Вајли“

И за репрезентацијата на Естонија денешниот дуел е пресуден. Со забелешка, која ја знаат сите во нивниот табор, дозволен е и пораз, но до осум поени негатива.

Селекторот Јука Тоијала добро го скаутирал нашиот тим. Вели дека знае како треба да се игра со Македонија.

„Ги скаутиравме, и ги знаеме деталите, и нивниот начин на игра во овој квалификациски прозорец. Сите знаат кои се нивните клучни играчи треба да одиграме добра одбрана против нивните главни играчи Ненад Димитријевиќ и Џејкоб Вајли. Имаме добра прилика да играме на европскиот шампионат. Имаме предност од осум поени. Ги направивме сите физички, тактички и психолошки подготовки, најдобро колку што можеме. Мислам дека кога ќе стартува натпреварот, ќе бидеме подготовени“ – коментираше Тоијала пред дуелот со нашата репрезентација, закажан за 15.часот. во Арената „Молот“ во Перм.

Селекторот на Естонија ги одбра 12.кошаркари кои ќе играат во мечот на одлука: Кристиан Куламае, Стен-Тиму Сок, Март Росентал, Мартин Дорбек, Роберт Валге, Јанари Јесар, Јан Пуидет, Хенри Дрел, Крегор Хермет, Каспар Трејер, Рауно Нургер, Маик-Калев Котцар