Остана жал кај Тони Симиќ и неговите играчи што не успеаја во обидот да направат комплетен пресврт и да го добијат мечот од Суперкупот „Драган Василов Цевка“. За еден поен, подобри од нив беа кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром
„Пред сè, ова беше добар натпревар, а со оглед на тоа што ова беше прв официјален меч за нас по целосната реорганизација, јас сум презадоволен од момците за она што го прикажаа во овој Суперкуп. Ние сме 'нова' екипа и сметам дека клучно беше нашето неискуство и на моменти невоиграност.
Нè очекува тешка и напорна работа, но се надевам дека сме на добар пат и дека во иднина ќе биде уште подобро. Треба да извадиме поуки од нашите грешки, но ништо не е изгубено и продолжуваме со крената глава. Играме без притисок, со желба постојано да напредуваме“- коментираше Симиќ по натпреварот во „Кале“.