09.03.2020

ТОП 5  ПОЕДИНЕЧНИ ОСТВАРУВАЊА ВО 17.КОЛО: Зекири, Крстевски, Костоски...

Ова 17.лоло од Првата лига, не донесе некои сензационални резултати. Можеби оние плус 33 поени на МЗТ Скопје Аеродром во дуелот со Еуро Никел 2005 се превисоки, но според прикажаното на паркетот во СЦ „Јане Сандански“, се и реални.

 

А во однос на оние поединечни изданија, вредни за одбележување се неколку ефекти.

Во оној поентерски сегмент, 17. коло го одбележаа двајца кошаркари. Новакот во редовите на Работнички, Стефан Балмазовиќ, и крилото на битолски Пелистер, Јетмир Зекири.

И двајцата реализираа по 26.поени.

Веднаш до нивниот е  ефектот на играчот на МЗТ Скопје Аеродром, Олуфеми Олуџоби со 22, додека Александар Лонг (Академија ФМП) и Џуниус Прувел (Вардар) си поделија по 20.реализации.

Бојан Крстевски од МЗТ Скопје Аеродром и Томас Зданавичиус (Кожув) реализираа најмногу скокови во ова коло, по 12.

Зад нив е Љубомир Младеновски (Работнички) со 11, Адем Мекиќ од Пелистер има десет, а Славчо Темелковски од Вардар, девет скока.

Александар Костоски не погодуваше многу на гостувањетово Куманово. Но затоа пак бекот на Гостивар испорача десет успешни додавања до соиграчите.

Одличното издание против Еуро Никел 2005, Андреј Магдевски го заокружи и со девет асистенции. Една помалку од него оствари Тајрон Харис од Академија ФМП на дуелот со Кожув, додека пак по седум правовремени додавања имаа Хејден Лесколт (Работнички) и Филип Думиќ (Пелиситер.

ТОП ПЕТ ПОЕДИНЕЧНИ ЕФЕКТИ ВО 17.КОЛО

ПОЕНИ

1.Стефан Балмазовиќ (Работнички)  26

2.Јетмир Зекири (Пелистер)     26

3. Олуфеми Олуџоби (МЗТ Скопје Аеродром)      22

4.Александар Лонг (Академија ФМП)          20

5.Џуниус Прувел (Вардар)        20

СКОКОВИ

1.Бојан Крстевски (МЗТ Скопје Аеродром) 12

2.Томас Зданавичиус (Кожув) 12

3.Љубомир Младеновски (Работнички)     11

4.Адем Мекиќ (Пелистер)         10

5.Славчо Темелковски (Вардар)         9

АСИСТЕНЦИИ

1.Александар Костоски (Гостивар)    10

2.Андреј Магдевски (МЗТ Скопје Аеродром)        9

3.Тајрон Харис (Академија ФМП)      8

4.Хејден Лесколт (Работнички)           7

5.Филип Думиќ (Пелистер)       7