12.03.2018 Кошаркарките на Вардар и на Шкупи од возрасната категорија до 18 години и посакаа добредојде на Дјуана Бонер која денес официјално стана македонски државјанин и и отстапија неколку минути од полувремето да со дел од кошаркарките одигра кус „3х3“ натпревар. Искусната кошаркарка која ќе биде наш адут во ноемврискиот евроквалификациски циклус го проследи натпреварот помеѓу двете екипи, а на крајот беше опколена од младите кошаркарки за фотографирање и делење на автограми.