14.08.2021

Договореното-реализирано

ТРАЈКОВСКИ: „Како заборавивме на поразот од Швајцарија, така ќе ја заборавиме и оваа победа“

Бојан Трајковски е задоволен од постигнатиот резултат во дуелот со Словачка. Вели дека она што било договарано пред средбата било во најголем дел и реализирано. И дека со мислите се веќе усмерени кон следните мечеви кои ги носи „Балонот“ во Скопје.

„Се што се случи првиот натпревар, го поправивме во вториот. Тоа што се договаравме да не го правиме, не го правевме. Игравме без нервоза и без грешки и на крајот заслужено победивме. Како што го заборавивме поразот од првиот натпревар, така ќе ја заборавиме и оваа победа. Имаме уште два меча до крај, мора да бидеме внимателни. Се надевам дека ќе завршиме со тој позитивен скор. Секој натпревар е приказна за себе, ќе се обидеме да бидеме подобри со Швајцарија и да не промашуваме зицери. Сакаме победи и на следните два натпревари“, изјави Бојан Трајковски.