28.11.2020

Браќата Млаѓан, кои со години настапуваат за Швајцарија најзаслужни за сензационалниот резултат (92:90).

ТРЕТ КРУГ ОД ЕВРО-КВАЛИФИКАЦИИТЕ: Белградскиот братски тандем ги турна Србите во провалија

Марко му додаде на Душан, а овој погоди пред звукот на сирената. Една „братска комбинација“ на Марко и Душан Млаѓан, ја потврди сензационалната вест на денот.

Селекцијата на Швајцарија ја победа, само на хартија, моќната Србија (без водечките играчи од НБА и Евролигата) со резултат (92:90) во третото коло од европските квалификациски натпревари кои се дел од групата „Е“.

Момците, и двајцата родени во Белград, а пораснати во Швајцарија, искомбинираа 34.поени. И заедно со ефектот на Роберто Ковач, 14 поени и Џонатан Казади кој даде 16, се покажаа како кобни за високите српски амбиции на турнирот во Еспо, каде на вториот натпревар од третиот круг, мошне неизвесен меч одиграа домаќинот Финска и Грузија.

Гостите го имаа одличниот „трилинг“, Шермандини-Пачулија-МекФејден, кои реализираа најголем дел од поените, вкупно 60, во победата од (91:85). Трета за грузијците со која се лидери во оваа конкуренција во која сега и швајцарија се избори за шанса за место на Евробаскетот.

Едне натпревар помалку се играше и во групата „Ф“. Поточно во „балонот“ во Љубљана. Австрија и Унгарија (во чии редови беа забележани шест позитивни случаи од Ковид-19) ќе играат во друг термин, а во овој вечерашниот, Словенија ја прегази Украина. Уште во првата четвртина „змаевите“ направија неверојатни (33-9) и го решија прашањето околу победникот. На крајот „само“ (84:73) за Словенија.

Русија ја растури Естонија

Во натпреварот од нашаат „Б“ група, репрезентацијата на Русија имаше одличне настап. Едноставно „зборнаја“ ја растури Естонија, Славеа русите со повеќе од убедливи (84:56), па сега можат да им се посветат на следните обврски на турнирот во Талин, дуелот против селекцијата на Италија закажан за два дена.

Дилеми околу победникот во празната Арена „Саку Сурхал“ немаше. Уште од уводниот период руската селекција обезбеди сигурна предност, на полувремето изнесуваше 14.поени (41:27), а која од минута во минута составот предводен од селекторот Сергеј Базаревич, само ја зголемуваше.

Четворица руски кошаркари завршија со двоен број на поени. Најмногу, 19 имаше Бабурин, повратникот во тимот, Андреј Воронцевич уфрли 15, Стребков додаде 12, а Кулагин уште десет поени. Во составот на Естонија, Јесар имаше 11.реализации, а Вајдеман уште 10.

По три одиграни кола, Русија има ефект од две победи и едне пораз, Естонија една победа и два порази. 

 

РЕЗУЛТАТИ – ТРЕТО КОЛО

ГРУПА А

Израел – Шпанија             95:87

Романија – Полска           61:91

ГРУПА Б

Македонија – Италија    одложено

Естонија – Русија  56:84

ГРУПА Е

Швајцарија – Србија       92:90

Финска – Грузија  85:91

ГРУПА Ф

Словенија – Украина       84:73

Австрија – Унгарија         одложено