Од 1955 година, Данците сонуваат за настап на еден Евробаскет. Другите натпреварувања, како Мундобаскетот, на пример, ги гледаа само на ТВ. Но тоа воопшто не ги интересираше кога вечерва истрчаа на теренот во Вилнус, а пред себе ја имаа една од најсилните европски репрезентации – Литванија.
Ги победија со (80:76), и испишаа една од оние нивни бајки, сега и кошаркарска.
Да нема дилеми, да, кај Литванија недостасуваа многу ѕвезди на европската и светската кошарка, но имаа играчи како Калниетис, Мачиулис, Кузминскас, поединечно гледано, многу поквалитетни во однос на еден ГАбриел Лундберг. Но тоа не му посмета на играчот на полската Зјелона Гора да им уфрли 28.поени на Литванците, и заедно со Матијас Бак кристенсен да го креираат сензационалниот резултат.
Ако некој памети... кај Литванците, Гаилиус даде 16, Димса 15.поени.
РЕЗУЛТАТИ - ТРЕТО КОЛО
ГРУПА Ц
Чешка – Белгија 62:90
Литванија – Данска 76:80
ГРУПА Д
Холандија – Шведска 78:76
Хрватска – Турција 79:62
ГРУПА Г
В. Британија – Франција 56:79
Германија – Црна Гора 74:80
ГРУПА Х
Грција – Летонија 66:77
БиХ – Бугарија 88:49