По двата успешно реализирани семинари во Гостивар и во Гевгелија, Здружението на тренери на Македонија ќе организира и трет собир.
Поточно централен семинар, кој е задолжителен за сите тренери кои не ги посетија претходните два. А на истиот ќе може да присуствуваат и тренерите и од останатите градови кои се дел од скопскиот регион.
„До крајот на годината се планира само уште еден кој ќе го опфати Пелагониски регион, па затоа важи како задолжителен и за тренери од други градови кои оваа година нема да имаат семинар во нивната непосредна околина“ – повикува претседателот на Здружението, Александар Јончевски.
„Семинарот повторно ќе го реализираме во работен ден, во договор и со согласност со повеќе тренери кои имаат натпревари за викендите. На овој семинар, покрај претходните тренери предавачи Горан Крстевски, Никола Василев и Никола Велев, ќе се надоврзе и Владимир Мирковски кој ќе презентира и демонстрира вежби од FECC клиниката за тренери на ФИБА која ја посетуваше во изминатите три години“.
Семинарот во Скопје е закажан за 6. октомври (петок), во салата на СРЦ „Кале“, во периодот од 11.30 до 15. часот,
РАСПОРЕД НА ПРЕДАВАЊАТА НА СЕМИНАРОТ
11.30: Горан Крстевски: „shell dril“ концепт и методска прогресија
12.30: Никола Велев: одбрана „човек на човек“
13.30: Никола Василев: „напад во транзиција“
14.15: Владимир Мирковски: „демаркирање и видови демаркирање,„passing game“