Денеска и утре, ќе стартуваат и полуфиналните средби од доигрувањето во Третата лига-мажи.
А по одигрувањето на два, односно максимално три натпревари, ќе ги дознаеме и двете екипи кои во следната натпреварувачка сезона 2022/2023 ќе се натпреваруваат во Втората лига-мажи.
Од 18.часот, во салата „Градски парк“ во Скопје, досега непобедениот состав во оваа конкуренција, Работнички 2018 го пречекува кочански Дино Баскет. А ден подоцна, во салата „7.март“ во Чаир, од 20.30 часот, екипата на Албес е домаќин на МКК Куманово.
Вторите натпревари од полуфиналето ќе се играат на 30. април, а евентуалните трети средби, на програмата се на 4. мај,
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ
ПЛЕЈ-ОФ – ПОЛУФИНАЛЕ – 1. НАТПРЕВАР
ДЕНЕСКА:
18.00: Работнички 2018 – Дино Баскет
Сала „Градски Парк“ - Скопје
28.АПРИЛ (ЧЕТВРТОК):
20.30: Албес – МКК Куманово
Сала „7.март“ - Скопје