ФОТО: Без пораз до пласман во Втората лига - екипата на Работнички 2018
Екипите на Работнички 2018 и на МКК Куманово во следната натпреварувачка сезона ќе играат во еден ранг погоре, Втората лига-мажи.
Двете екипи ги добија полуфиналните серии од доигрувањето.
Работнички 2018 во два натпревари беше подобар од кочански Дино баскет, додека пак за место во Втората лига, екипата на МКК Куманово мораше да одигра и трет натпревар. Во оној решавачкиот, како гости, беа подобри од екипата на Албес (69:66), за крајни (2-1) во серијата.
Согласно со системот за натпреварување, како финалисти во натпреварите од Третата лига-мажи, Работнички 2018 и МКК Куманово обезбедија пласман во Втората лига и овој викенд ќе се борат за титулата најдобар во оваа конкуренција.
Двете поразени екипи од полуфиналето, Дино Баскет и Албес, пак ќе се борат за третото место.
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ – ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ
Албес – МКК Куманово 66:69, 74-65, 60-81 (1-2)
Баскет Дино – Работнички 2018 80:87, 53:67 (0-2)