07.03.2022

И го презема првото место во групата „А“ во оваа конкуренција

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Баскет Дино го доби дербито со Спарта

ФОТО: Екипата на Баскет Дино го доби дерби дуелот со скопска Спарта

Екипата на Баскет Дино излезе како победник во дерби дуелот од 10.коло од групата „А“ од Третата лига-мажи, против екипата на Спарта. На домашен терен во Кочани, славеа со сигурни (90:77), па сега го преземаа првото место на табелата, иако имаат одиграно еден натпревар повеќе во однос на екипата од Скопје за која ова беше прв неуспех во сезоната.

Во групата „Б“, водечката екипа, Работнички, бепе слободна во овој круг од натпреварите, останува на максимален учинок десет победи во десет одиграни натпревари. Во чекор со нив се екипите на Мега Баскет, која во овој круг од натпреварите беше подобра од ИБА Баскет (107:87), додека пак Куманово победа на гости кај Пробаскет (75:61).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 10. КОЛО

Крива Паланка – Спорт Тим     61:71

Вардар БС 2014 – Ролинг 08     112:49

Баскет Дино – Спарта     90:77

Младинец - слободен

ТАБЕЛА: Баскет Дино 16, Спарта 15, Младинец 14, Крива Паланка 12, Вардар БС 2014 12, Спорт Тим 11, Ролинг 08 10;

ИДНО КОЛО (12.03)

Вардар БС 2014 – Крива Паланка

Спарта – Спорт тим

Ролинг 08 – Куманово

Младинец – Баскет Дино

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО

Дибра Иглс – Албес         68:57

Пробаскет – МКК Куманово     61:75

Мега Баскет - ИБА Баскет          107:87

Работнички 2018 – слободен

Тетова Булс – слободен

ТАБЕЛА: Работнички 2018 20, Мега Баскет 20, МКК Куманово 19, Дибра Иглс 17, Албес 16, Пробаскет 2019 13, ИБА Баскет 12, Тетова Булс 11;

ИДНО КОЛО (12.03)

Албес – Риниа

Работнички 2018 – Мега Баскет

ИБА Баскет – Пробаскет

МКК Куманово – Тетова Булс

Дибра Иглс - слободен