Три домашни, и тоа убедливи победи, и една победа на гостинска екипа е епилогот по првите одиграни натпревари од четвртфиналето од разигрувањето за пополнување на Втората лига.
Подобропласираните екипи ги оправдаа своите позиции кои ги освоија во регуларниот дел од сезоната.
Екипата на Работнички 2018 продолжува без загубен натпревар, и во првиот круг од четвртфиналето стигна до убедлива победа (108:66) против неготински Спорт Тим.
Убедлив настап имаа и кошаркарите на МКК Куманово кои на свој терен лесно ја совладаа скопска Спарта (96:68), а слично одиграа и младите кошаркари на Дино Баскет во дуелот против Дибра Иглс (109:73).
На чекор до полуфиналето се кошаркарите на Албас. Единствените кои победија на гостински терен и тоа кај Младинец (80:72)
Согласно со системот за натпреварување, пласман во полуфиналето ќе обезбедат победниците во четирите серии од четвртфиналето кое се играат уште и на 13. април, и евентуално на 16.април, според принципот „подобар во три натпревари“.
Четирите најдобри во овие серии ќе играат според истиот систем „подобар во три натпревари“, на 27. април, 30.април, и евентуално на 4. мај.
Победниците ќе играат во финалето, закажано за 7. мај, а како награда добиваат место во Втората лига -мажи за натпреварувачката сезона 2022/2023.
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ПРВИ НАТПРЕВАРИ)
Работнички 2018 – Спорт Тим 108:66
МКК Куманово – Спарта 96:68
Баскет Дино - Дибра Иглс 109:73
Младинец – Албес 72:80-