13.05.2024

Во финалниот натпревар, пред својата публика, Бутел беше подобар од Црн Дрим (81:65), третото место е за Струмица...

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Бутел е најдобрата екипа во Третата лига!

Екипата на Бутел е освојува на шампионскиот пехар наменет за најдобрата во натпреварите од третата лига-мажи.

Во финалниот натпревар, пред својата публика, кошаркарите на Бутел беа подобар противник од струшки Црн Дрим. Славеа со сигурни (81:65), со што го потврдија резултатот од регуларниот дел од сезоната, во кој заедно со екипата од Струга, го реализираа својот план – во наредната сезона да се натпреваруваат во Втората лига-мажи.

На последниот натпревар во сезоната во третолигашката конкуренција, на домашната екипа и беа потребни две одлично „одработени“ четвртини, првата и третата, за да стигнат до посакуваниот триумф кој им го донесе и шампионскиот пехар. Во првата поведоа со (31:19), а со плус 12 односно (27:15), го завршија и третиот период од финалниот меч.   

Цариќ постигна 20.поени за победничката екипа, Мартиноски и Киров реализираа по 12.поени, а Матевски додаде уште 11.поени.

За екипата на Црн Дрим, Шабани постигна 27.поени, Ќамилоски имаше уште 19.

Претходно, во натпреварот за третото место во крајниот поредок за оваа натпреварувачка сезона, екипата на Струмица го совлада Феникс баскет со резултат (84:70).