Со дуелот во Битола, каде денеска, од 16.часот, ќе се сретнат екипите на Хераклеа и Бутел, продолжуваат елиминациските натпревари од Третата лига.
Поточно вторите мечеви од четвртфиналната фаза од разигрувањето кое треба да ги даде и идните два учесници во Втората лига во натпреварувачката сезона 2024/2025.
Новакот во оваа конкуренција беше убедлив на првиот меч, одигран пред својата публика во Бутел, и извесно, важи како фаворит за место во следната натпреварувачка фаза.
Но затоа пак многу поголема неизвесност носат оние нечеви кои ќе се одиграат на 17.април (среда).
Во нив, сега предност на домашен терен ќе имаат послаборангираните екипи како Гевгелија (игра против Црн Дрим), ИБА баскет (противник е екипата на Струмица) и Маџари ГБ кој игра против Феникс баскет со која го делат теренот во салата „Наум Наумовски-Борче“ во скопската населба Маџари.
Екипите кои први ќе обезбедат по две победи во оваа четвртфинална серија, ќе бидат промовирани во полуфиналисти.
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ- ЧЕТВРТФИНАЛЕ
ДВОЈКИ – ВТОР НАТПРЕВАР
16.АПРИЛ (ВТОРНИК)
16.00: Хераклеа – Бутел (0-1)
Сала „Боро Чурлевски“ – Битола
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/zdiQ4yrH_gQ?si=iWhXyvMYGEFcv3k4
17.АПРИЛ (СРЕДА)
16.00: Гевгелија - Црн Дрим (0-1)
Сала „26.април“ – Гевгелија
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/4ZcD2N1KyUo?si=XnQrBGFIG27tKIga
18.30: ИБА Баскет – Струмица (0-1)
Мала сала СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
ЛИНК: https://www.youtube.com/live/Jm08idZk6vw?si=U25lY2YFZnbxK94w
20.30: Маџари ГБ - Феникс баскет (0-1)
Сала „Наум Наумовски-Борче“ - Скопје
*Сериите се играат според системот „подобар во три натпревари“