26.03.2024

На две кола пред крајот на регуларниот дел, дури четири екипи во групата Исток со подеднакви шанси за првата позиција

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Црн Дрим е лидер на Западот, вистинска „турканица“ на Истокот

ФОТО: Кошаркарите на Црн Дрим се без пораз и по 14. одиграни мечеви во групата „Запад“

Само уште две кола остануваат од основниот дел од натпреварите во Третата лига, и извесно ќе донесат доста неизвесност, особено кога станува збор за групата „Исток“.

Ја прави фактот кој вели дека во пресрет на последните две рунди, дури четири екипи се со идентичен ефект, односно Бутел, Маџари ГБ, Струмица и Гевгелија имаат по четири порази, и со забелешка дека новакот во оваа конкуренција екипата од Бутел, има и победа повеќе, ако се земе в предвид дека има и еден натпревар повеќе во однос на конкурентите, и во следното коло ќе биде слободна.

Од друга страна, многу појасна е ситуацијата во групата „Запад“. Во улога на лидер, практично до самиот почеток на натпреварувањето, струшки Црн Дрим. Екипа која има максимален скор, односно 14. победи на 14. одиграни натпревари и потврдено прво место.

Во пресрет на последните две кола стружани имаат предност од три победи во однос на нивниот прв следбеник, екипата на Феникс баскет (скор 12-3), и еден повеќе во однос на ИБА баскет која е на ефект (9-4).

Во првата „четворка“ во ова друштво е и битолска Хераклеа (скор 8-6).  

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА – ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 20.КОЛО

Баскет Кам – Младинец 81:52

Ролинг 08 – Струмица     67:102

Маџари ГБ – Феникс спорт       78:70

Бутел – Водњански лисици      79:57

МКК Вардар – Овче поле          89:63

Гевгелија – слободен

ТАБЕЛА: Бутел 34, Маџари ГБ 32, Струмица 32, Гевгелија 32, Водњански лисици 30, МКК Вардар 29, Баскет кам 28, Феникс спорт 23, Младинец 21, Овче поле 20, Ролинг 08 19;

ИДНО КОЛО (30.03)

Феникс спорт – Баскет кам

Водњански Лисици – Вардар

Младинец – Струмица

Гевгелија – Ролинг 08

Овче поле – Маџари ГБ

Бутел – слободен

 

ГРУПА – ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

ГКК Охрид – Црн Дрим   40:93

Универзитет Тетово – Дибра Иглс     84:44

Феникс баскет – Љуботен         72:66

Хераклеа - слободен

27.03: ИБА баскет - Гостивар 2

ТАБЕЛА: Црн Дрим 28, Феникс баскет 27, Хераклеа 22, ИБА баскет 22, Љуботен 19, ГКК Охрид 19, Дибра Иглс 18, Гостивар 2 16;

ИДНО КОЛО (30.03)

Хераклеа – Феникс баскет

Љуботен – Тетово Универзитет

Дибра Иглс – ИБА баскет

Гостивар – Црн Дрим

ГКК Охрид - слободен