22.04.2024

Во решавачкиот, трет натпревар во четвртфиналната серија, стружани славеа со сигурни (77:52), за конечни (2-1)

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Црн Дрим подобар од Гевгелија во „мајсторката“, за место во полуфиналето

Екипата на Црн Дрим е последниот учесник во полуфиналето од разигрувањето за две места во Третата лига кои водат во повисок ранг на натпреварување во наредната натпреварувачка сезона 2024/2025.

Во третиот, и одлучувачки натпревар од четвртфиналето, стружани беа подобри од Гевгелија со (77:52), доволно за да го освојат вториот поен во серијата и да се најдат во полуфиналето.

А за место во финалето, во исто време и во Втората лига, Црн Дрим ќе се сретне со екипата на Струмица која претходно го елиминираше ИБА баскет со максимални (2-0) во серијата.

Во второто полуфинале ќе се сретнат екипите на Бутел и на Феникс баскет, кои исто така, во два натпревари, беа подобри од своите ривали, екипите на Хераклеа и на Маџари ГБ.

Пласман во полуфиналето ќе обезбедат екипите кои ќе бидат подобри во серијата „подобар од три натпревари“.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Бутел – Феникс баскет

Црн Дрим - Струмица