Екипата на Црн Дрим во наредната натпреварувачка сезона ќе биде дел од Втората лига откако денеска, во третиот и решавачки натпревар од разигрувањето, излегоа како победници против Струмица.
Славеше тимот на тренерот Перица Чочороски со сигурни (73:62), што беше доволно за да ја затвори полуфиналната серија со резултат (2-1) што значи и враќање на екипата од Струга во второлигашкото друштво.
Во овој натпревар на одлука, Црн Дрим имаше добар почеток во кој се стекна со водство од (23:17), кое до крајот на првото полувреме премина и во двоцифрено (38:24). По неефикасната трета четвртина (11-9 за стружани), последната им припадна на гостите од Струмица, но недоволно за било каков пресврт.
Камилоски реализираше 24.поени, а Ѓоровиќ го следеше со реализација на уште 18.поени, додека кај Струмица, Хасанов реализираше 15.поени, а Алексиќ имаше 11.
Претходно, нов второлигаш стана и екипата на Бутел, која во полуфиналното разигрување со максимални (2-0) беше подобра од екипата на Феникс баскет.
Токму овие две екипи, Бутел и Црн Дрим во меѓусебен дуел, утре вечер од 19.шасот, во салата „Илија Хаџи Николов“ во Скопје,, ќе одлучат и кој ќе биде шампион на Третата лига за натпреварувачката сезона 2023/2024.
Нешто порано, од 16.30 часот, Струмица ќе игра против Феникс баскет, во натпреварот за третото место во финалното рангирање за оваа натпреваруваќка сезона.