Екипите на Тетекс ТТК и на Струмица Ролинг во следната натпреварувачка сезона ќе бидат дел од Втората лига откако во полуфиналните серии се изборија и за втората победа во дуелите со Гевгелија односно Хераклеа.
Струмичани стигнаа до големото финале во кое, во сабота попладне, во салата СРЦ „Кале“ во Скопје, ќе играат за шампионскиот трофеј во оваа конкуренција откако ја добија „мајстоката“ играна во салата „Боро Чурлевски“ во Битола. Беа подобри од битолска Хераклеа, и сосема заслужено се пласираа во повисокилт ранг на натпреварување.
Нов-стар второлигаш е екипата на Тетекс ТТК, која максимално ја искористи предноста која со себе ја носи играњето на домашен терен. Во решавачкиот трет натпревар, тетовци го совладаа составот на Гевгелија со убедливи (88:59).
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ
ПОЛУФИНАЛЕ
Тетекс ТТК – Гевгелија 88:59 (2-1)
Хераклеа – Струмица Ролинг 58:63 (1-2)
9.МАЈ (САБОТА)
ЗА ТРЕТО МЕСТО
11.00: Хераклеа – Гевгелија
ФИНАЛЕ
13.30: Тетекс ТТК – Струмица Ролинг