Четирите екипи кои го стартуваа доигрувањето за двете места во повисок ранг на натпреварување – Втората лига, имаа максимален ефект на почетокот на серијата од четвртфиналето.
Сттигнаа до почетните победи, и сега им треба само уште една да се пласираат во полуфиналето.
Најубедлива, и повеќе од тоа, победа, реализираа кошаркарите на Бутел, кои стигнаа до прв триумф (93:22), во серијата со битолска Хераклеа.
Убедлив настап имаше и екупата на Феникс баскет во дуелот со „соседот“, Маџари ГБ заврши со плус од 27. поени (94:67).
Слично се одвиваа работите и на средбата помеѓу екипите на Црн Дрим и Гевгелија, каде на крајот стружани слават со (84:61).
„Најблиску“, резултатски гледано, се играше во Струмица, каде домашниот третолигаш беше подобар од ИБА баскет со резултат (86:73) за почетна предност во серијата која продолжува на 17.април (среда).
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ
РЕЗУЛТАТИ – РАЗИГРУВАЊЕ- ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Струмица – ИБА Баскет 86:73 (1-0)
Бутел – Хераклеа 93:22 (1-0)
Феникс баскет - Маџари ГБ 94:67 (1-0)
Црн Дрим – Гевгелија 84:61 (1-0)
*Сериите се играат според системот „подобар во три натпревари“