12.04.2024

Овој викенд, осумте најдобри екипи во двете групи тргнуваат во доигрувањето за местата во повисокиот ранг на натпреварување

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Две слободни места за Втората лига, кој ќе стигне до нив?

Утре и задутре, со првите четири натпревари од првиот круг, стартува и разигрувањето во Третата лига-мажи, а кое треба да ги даде и двата учесници во Втората лига за наредната натпреварувачка сезона.

По четири екипи од двете групи, „Исток“ и „Запад“ се стекнаа со можност да се борат за тие две места во финалето, кои водат во повисокиот ранг на натпреварување – оној второлигашкиот.

Согласно со системот за натпреварување, ќе се играат три елиминациски серии, а овој викенд ќе стартува онаа четвртфиналната.

Согласно со принципот „подобар во три натпревари“, пласман во наредната натпреварувачка рунда ќе обезбедат победниците во овие четири серии кои стартуваат на теренот на подоброрангираните тимови од регуларниот дел на сезоната во Третата лига.

Односно екипите на Црн Дрим, Бутел, Феникс 2010 и Струмица, кои за противници во овој круг ќе ги имаат: Гевгелија, Хераклеа, Маџари ГБ и ИБА баскет.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ДВОЈКИ – РАЗИГРУВАЊЕ- ЧЕТВРТФИНАЛЕ

13.АПРИЛ (САБОТА)

13.00: Струмица – ИБА Баскет

Сала „Парк“ – Струмица

20.00: Бутел – Хераклеа

Сала „Илија Хаџи Николов“ - Скопје

14.АПРИЛ (НЕДЕЛА)

11.00: Феникс баскет - Маџари ГБ

Сала „Наум Наумовски-Борче“ - Скопје

17.00: Црн Дрим – Гевгелија

Сала „Нико Нестор“ - Струга

*Сериите се играат според системот „подобар во три натпревари“