10.04.2023

Во последното коло, неочекуван пораз на Маџари ГБ против Младинец, за потврда на четирите позиции во двете групи

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: „Единицата“ за Феникс баскет и за Мега баскет

ФОТО: Екипата на Феникс баскет го освои првото место во групата „А“ од регуларниот дел од сезоната 

По одигрувањето на 18. и последно коло, познати се и осумте екипи од Третата лига кои ќе се борат за двете места во Втората лига за натпреварувачката сезона 2022/2023.

Поразот, помалку и неочекуван на ко-лидерот во групата „А“, екипата на Маџари ГБ на гостински терен кај Младинец (65:77), и победата на Струмица на домашен паркет против Спорт тим (78:66), ги детерминираа првите четири позиции.

Првата стартна позиција во разигрувањето останува за екипата на Феникс баскет, кој без проблеми го совлада Пробаскет со (83:34).

А важната победа над Маџари ГБ, го стави тимот на Младинец на 4. место на табелата, кое за противник во првиот круг од разигрувањето, им го носи најдобриот од групата „Б“, прилепски Мега баскет.

Прилепчани имаат само еден пораз во 14. одиграни натпревари, зад нив е Тетекс ТТК, кој за противник во четвртфиналната серија ја има Струмица.

Место во доигрувањето од групата „Б“, има и за екипите на Гостивар-2 односно Спарта.

Разигрувањето за двете места кои водат во повисок ранг на натпреварување – Втората лига, стартува на 22. април. Предност на домашен терен во серијата „подобар во три натпревари“, која ќе се игра и на 26. април, и ако биде потребно на 29. април, имаат подоброрангираните екипи во регуларниот дел.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 18.КОЛО

Овче Поле – Ролинг 08   80:47

МКК Вардар – Баскет Дино       109:91

Пробаскет - Феникс баскет       34:83

Струмица – Спорт тим    78:66

Младинец – Маџари ГБ 77:65

ТАБЕЛА: Феникс баскет* 34, Маџари ГБ* 33, Струмица 30*, Младинец* 30, МКК Вардар 29, Баскет Дино 28, Пробаскет 22, Овче Поле 22, Спорт тим 21, Ролинг 08 19;

ГРУПА „Б“

Гостивар 2 – Спарта         66:77

Љуботен – Мега баскет  95:105

Тетекс ТТК – ИБА баскет 96:85

Дибра Иглс - слободен

Хераклеа - слободен

ТАБЕЛА: Мега Баскет* 27, Тетекс ТТК* 25, Гостивар-2* 23, Спарта* 21, ИБА Баскет 19, Хераклеа 19, Дибра Иглс 19, Љуботен 14;

*- обезбедиле пласман во разигрување

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Феникс баскет – Спарта

Мега баскет – Младинец

Маџари ГБ – Гостивар-2

Тетекс ТТК - Струмица