20.03.2023

Младиот тим на Феникс имаше одличен финиш, ја анулираше негативата и го победи составот од Маџари (70:64)

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Феникс баскет го доби дербито со Маџари ГБ, за делба на првото место

ФОТО: Екипата на Феникс баскет во победнички ритам против Маџари

 

Колото број 15 помина во знакот на дерби-дуелот од групата „А“ во кој се сретнаа две екипи кои „гравитираат“ во скопската населба Маџари. Феникс баскет односно Маџари ГБ.

Го одбележа големиот пресврт кој го направи младата екипа на Феникс баскет (филијала на прволигашкиот Феникс 2010) во последната четвртина од средбата која, интересно, се играше во СЦ „Јане Сандански“.

По три четвртини од играта, далеку поискусниот тим на Маџари ГБ водеше со (59:54), откако претходно домашната екипа ја доби првата четвртина со (24:17), а гостинската беше далеку подобра во втората (24:15), но и по одморот, односно во третата кога се стекна со водство.

Во последните десет минути Феникс баскет направи (16-5), доволно за победа од (70:64), втора за нив во меѓусебните дуели со најголемито конкурент во оваа сезона. И делба на првата позиција двете екипи се на ефект (13-2).

Во победничката екипа се издвои „сениорскиот двоец“, Петковски-Хот, кои искомбинираа 29. Поени (15 односно 14), а двоцифрен број на поени, десет даде и Стојковиќ.

Кај гостите пак, интересно свои минути имаше екс-репрезентативецот Диме Тасовски, кој реализираше 11 поени, исто како и Палевски и Карло Блажевски, еден помалку даде Паоло Блажевски.

Во групата „Б“ такви дилеми, се чини нема. Екипата на Мега баскет го продолжи победничкиот низ со триумф против екипата на ИБА баскет (99:84). Имаат прилепчани максимални 11 победи во исто толку одиграни натпревари и извесно прво место кое им носи поелсне противник во четвртфиналето од баражот за пополнување ан местата во Втората лига за сезоната 2023/2024.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 15.КОЛО

Спорт тим - Овче Поле   65:73

МКК Вардар – Пробаскет          98:69

Феникс Баскет – Маџари           70:64

20.03: Дино Баскет – Младинец        

21.03: Ролинг 08 – Струмица

ТАБЕЛА: Маџари ГБ 28, Феникс баскет 28, Младинец 24 (-1), Струмица 23 (-1), Баскет Дино 23 (-1), МКК Вардар 23, Пробаскет 18, Спорт тим 18, Овче Поле 18, Ролинг 08 16 (-1);

ИДНО КОЛО (25.03)

Овче Поле – МКК Вардар

Пробаскет – Ролинг 08

Струмица – Баскет Дино

Младинец – Феникс баскет

Маџари ГБ – Спорт тим

ГРУПА „Б“

Мега Баскет – ИБА баскет         99:84

Спарта – Тетекс ТТК         63:70

Дибра Иглс – Хераклеа  78:73

23.03: Гостивар 2 - Љуботен

ТАБЕЛА: Мега Баскет 22, Тетекс ТТК 21, Гостивар-2 18 (-1), ИБА Баскет 18, Хераклеа 17, Дибра Иглс 16, Спарта 15, Љуботен 10 (-1);

ИДНО КОЛО (25.03)

Љуботен – Дибра Иглс

Хераклра – Спарта

Тетекст ТТК – Мега баскет

ИБА баскет - слободен

Гостивар 2 - слободен