21.11.2022

Во неизвесен натпревар во Маџари, „фениксовци“ славеа со минимални (84:82), Младинец и Мега Баскет без пораз во двете групи

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Феникс Баскет ја прекина серијата на Маџари ГБ

Екипата на Младинец остана единствената со максимален ефект во групата „А“ по шестото одиграно коло од Третата лига. Беа подобри од кочански Дино баскет, славеа со убедливи (92:66), па сега се осамени на првото место, Во прилог им оди и помалку неочекуваниот пораз на повратникот во македонската кошарка, екипата на Маџари ГБ.

Во дуелот на две екипи кои ја „делат“ салата „Наум Наумовски-Борче“ во населбата Маџари, подобра од нив беше младиот состав на Феникс Баскет која славеше со тесни (84:82), по што сега двата тима се на скор (5-1).

Во групата „Б“, Мега баскет останува единствената екипа со максимален ефект (пет победи во пет натпревари). Во ова коло прилепчани извојуваа победа на гостински терен кај ИБА Баскет со (83:73) и ја задржаа предност во однос на Тетекс ТТК кој во овој круг од натпреварите беше подобар од Спарта (68:57).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Маџари ГБ - Феникс Баскет      82:84

Овче Поле – Спорт тим   65:61

Струмица - Ролинг 08     84:63

Младинец - Дино Баскет           92:66

Пробаскет – МКК Вардар          59:82

ТАБЕЛА: Младинец 12, Маџари ГБ 11, Феникс Баскет 11, Баскет Дино 10, Струмица 9, МКК Вардар 9, Спорт тим 8, Пробаскет 7, Овче Поле 7, Ролинг 08 6;

ИДНО КОЛО (26.11)

МКК Вардар - Овче Поле

Феникс Баскет - Младинец

Спорт тим – Маџари ГБ

Ролинг 08 - Пробаскет

Дино Баскет – Струмица

 

ГРУПА „Б“

Љуботен – Гостивар-2    74:99

Тетекс ТТК – Спарта         68:57

ИБА Баскет - Мега Баскет          73:83

Хераклеа – Дибра Иглс  75:72

Албес - слободен

ТАБЕЛА: Мега Баскет 10, Тетекс ТТК 9, ИБА Баскет 9, Албес 9, Гостивар-2 9, Хераклеа 8, Дибра Иглс 8, Спарта 5, Љуботен 5;

ИДНО КОЛО (26.11)

Албес – ИБА Баскет

Дибра Иглс - Љуботен

Спарта - Хераклеа

Мега Баскет - Тетекс ТТК

Гостивар-2 - слободен