20.11.2023

И по шест кола екипите од Гевгелија и од Струга се со максимален ефект – шест победи...

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Гевгелија и Црн Дрим без грешка

ФОТО: Кошаркарите на Гевгелија имаат максималне ефект по шест одиграни кола

Две екипи по шест одиграни кола остануваат со стонастотен учинок во натпреварите од Третата лига-мажи.

На Западот, во таа улога е екипата на Црн Дрим, која во ова коло стигна до убедлив триумф на гостински терен кај ИБА баскет, (80:49).

На Истокот пак, тоа е екипата на Гевгелија, која беше подобра од екипата на Феникс спорт со резултат (90:81).  

Блиску до скорот на гевгеличани, во оваа „конференција“ се и екипите на Маџари ГБ односно Струмица, кои имаат по еден пораз во досегашниот дел од натпреварите, а следени од Бутел кој има ефект (4-2).

Изедначена е и конкуренцијата во западниот дел.

Екипата на Феникс баскет го следи лидерот на табелата, има скор од пет победи и еден пораз. Еден негативен резултат, но и натпревар помалку има и втората екипа на Гостивар, исто како и ИБА баскет.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 6. КОЛО

Албес – Љуботен  75:82

ИБА баскет– Црн Дрим  49:80

Феникс баскет - Дибра иглс      107:53

ГКК Охрид – Хераклеа    58:63

22.11: Универзитет Тетово - Гостивар

ТАБЕЛА: Црн Дрим 12, Феникс Баскет 11, ИБА баскет 10, Гостивар-2 9 (-1), Хераклеа 9, ГКК Охрид 9, Дибра иглс 8, Љуботен 7, Албес 6, Универзитет Тетово 5 (-1);

ИДНО КОЛО (25.11)

Црн Дрим – ГКК Охрид

Гостивар – ИБА баскет

Хераклеа - Албес

Дибра Иглс - Универзитет Тетово

Љуботен – Феникс баскет

ГРУПА ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО

Бутел – Младинец           86:50

Маџари - Кам баскет       96:77

Гевгелија - Феникс спорт           90:81

МКК Вардар - Струмица 76:115

21.11: Ролинг - Водњански лисици

Овче поле - слободен

ТАБЕЛА: Гевгелија 12, Бутел 10, Маџари ГБ 9, Струмица 9, Водњански лисици 8, Феникс спорт 7, Кам баскет 7, МКК Вардар 7, Овче поле 6, Младинец 6, Ролинг 08 6; 

ИДНО КОЛО (25.11)

Младинец – Вардар

Кам баскет – Ролинг 08

Овче Поле - Гевгелија

Феникс спорт – Бутел

Струмица – Маџари ГБ

Водњански лисици - слободен