18.04.2024

Стружани го забележаа првиот пораз во сезоната, на гостувањето во Гевгелија (81:86)

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Гевгелија и Црн Дрим ќе играат и трет натпревар за место во полуфиналето

Екипите Бутел, Струмица и Феникс баскет се првите кои обезбедија по две победи во оваа четвртфинална серија, и беа промовирани во полуфиналисти од разигрувањето за две места кои водат во Втората лига.

Овој „трилинг“ запиша победа и на гостински терен, и со максимален резултат (2-0) ги затворија сериите од оваа прва елиминациска фаза.

Изненадување е дефинитивно поразот на екипата на Црн Дрим на гостувањето во Гевгелија, каде домашниот третолигаш славеше со (86:81). Ова е прв пораз на екипата од Струга во оваа конкуренција, па за место во следната натпреварувачка рунда ќе мора да одиграат и трет натпревар, кој ќе ги даде двете полуфинални двојки.  

Едната е веќе позната, за место во финалето и пласман во Втората лига ќе разигруваат Бутел и Феникс баскет, додека пак Струмица го чека победникот од „мајсторката“ помеѓу Црн Дрим и Гевгелија.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ - РАЗИГРУВАЊЕ- ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ВТОР НАТПРЕВАР

Хераклеа – БУТЕЛ*          58:104 (0-2)

Гевгелија - Црн Дрим 86:81 (1-1)

ИБА Баскет – СТРУМИЦА*        55:80 (0-2)

Маџари ГБ - ФЕНИКС БАСКЕТ* 65:100 (0-2)

*обезбедиле место во полуфиналето

ДВОЈКИ – ПОЛУФИНАЛЕ

Бутел – Феникс баскет

Гевгелија/Црн Дрим - Струмица