19.12.2023

Екипите од Струга и од Гевгелија имаат максимален ефект во првиот дел од сезоната во оваа конкуренција

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Гевгелија и Црн Дрим со ореолот на непобедливи

ФОТО: Кошаркарките на Црн Дрим имаат максимален учинок во првиот дел од сезоната

По десет одиграни кола во лигата „Исток“, односно едно помалку на „Западот“, две екипи во двете групи се издвојуваат со максимален можен ефект. Односно максимален број на победи.

Во источната група во улога на „непобедливи“ се кошаркари на Гевгелија, кои вечерва во Струмица ќе се обидат да дојдат и до десеттиот триумф во третолигашката конкуренција.

Гевгеличани (ќе) имаат сериозна конкуренција во екипите на Струмица, која засега е со само еден пораз во девет одиграни натпревари, и Маџари ГБ, кој е на ефект (7-2), и Бутел кој со еден меч помалку, има учинок од шест победи и три порази.

На другата страна, онаа западната, кошаркарите на Црн Дрим се исто така на максимален број на победи. Стружани имаат осум победи и со максимален ефект ја дочекуваат паузата во оваа група (натпреварите ќе продолжат на 10.февруари, наредната година).

Веднаш зад нивниот резултат се оние на Феникс баскет (скор 7-1), и ИБА баскет (6-2), следуваат Хераклеа и ГКК Охрид со половични (4-4).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ - ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

Баскет Кам – Феникс спорт       75:67

МКК Вардар – Водњански Лисици    97:95

Струмица – Младинец   99:72

Маџари ГБ – Овче Поле 107:62

Ролинг 08 – Гевгелија     75:84

ТАБЕЛА: Гевгелија 18, Струмица 17, Маџари ГБ 16, Бутел 15, МКК Вардар 15, Водњански лисици 14, Баскет Кам 14, Феникс спорт 11, Младинец 10, Овче Поле 10, Ролинг 08 10;

ИДНО КОЛО (23.12)

Младинец – Ролинг 08

Феникс Спорт – Струмица

Водњански лисици – Маџари ГБ

Гевгелија – Бутел

Овче Поле – Баскет Кам

МКК Вардар - слободен

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ - ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО

Гостивар 2 – ГКК Охрид  58:64

Дибра Иглс – Црн Дрим 55:79

Љуботен – ИБА баскет    61:67

Хераклеа – Унверзитет Тетово 104:51

Феникс баскет – слободен

ТАБЕЛА: Црн Дрим 16, Феникс баскет 15, ИБА Баскет 14, Хераклеа 12, ГКК Охрид 12, Гостивар 2 11, Дибра Иглс 10, Љуботен 9, Универзитет Тетово 9;

ИДНО КОЛО (10.02)

ГКК Охрид – Феникс баскет

Албес – Тетово Универзитет

Хераклеа – ИБА баскет

Љуботен – Црн Дрим

Дибра Иглс - Гостивар