13.03.2023

Многу работи во групата „А“, ќе зависат од дербито во следното коло, во „битката за Маџари“, ќе играат Маџари и Феникс баскет

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Маџари ГБ и Мега баскет остануваат на водечките позиции

ФОТО: Екипата на Маџари ГБ е лидер во 14. одиграни кола во групата „А“

Без промени на оние водечки позиции изгледа табелата по 14 одиграни кола во третата лига-мажи.

Во групата „А“, лидерот на табелата екипата на Маџари ГБ славеше повеќе од убедлив триумф во средбата против Дино баскет (89:69), доволно за скор (13-1) и прво место во оваа конкуренција, пред Феникс баскет кој својот натпревар од ова коло ќе го одигра на 15 март (среда), на гостински паркет во Неготино, против екипата на Спорт тим.

Извесно е дека многу работи во оваа група околу најдобрата позиција пред плеј-офот, ќе зависат од исходот на средбата во следното коло во која ќе се сретнат двете првопласирани екипи – Маџари ГБ и Феникс баскет, а која ќе се игра во салата „Наум Наумовски-Борче“ во скопската населба Маџари.

Во групата „Б“, максимален ефект има екипата на Мега баскет. Во ова коло прилепчани беа слободни, па останаа на скор од десет победи и без ниту еден пораз со кој ги дочекуваат последните четири кола од третолигашкото натпреварување.

Три чекори зад нив е екипата на Тетекс ТТК (скор 8-3) која во оа коло славеше победа против Дибра Иглс (73:27), едне поанзад вторито тим на Гостивар (7-4).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 14.КОЛО

Овче Поле – Пробаскет  78:66

Младинец – Ролинг 08   57:42

Струмица – МКК Вардар            83:74

Маџари – Дино баскет   89:59

15.03: Спорт Тим – Феникс баскет    

ТАБЕЛА: Маџари ГБ 27, Феникс баскет 24 (-1), Младинец 24, Струмица 23, Баскет Дино 23, МКК Вардар 21, Пробаскет 17, Спорт тим 16 (-1), Овче Поле 16, Ролинг 08 16;

ИДНО КОЛО (18.03)

Ролинг 08 – Струмица

Спорт тим - Овче Поле

Дино Баскет – Младинец

МКК Вардар - Пробаскет

Феникс Баскет – Маџари

 

ГРУПА „Б“

Хераклеа – Гостивар       87:81

ИБА Баскет - Спарта         63:71

Тетекс ТТК – Дибра Иглс            73:27

Мега Баскет – слободен

Љуботен – слободен

ТАБЕЛА: Мега Баскет 20, Тетекс ТТК 19, Гостивар-2 18, ИБА Баскет 17, Хераклеа 16, Спарта 14, Дибра Иглс 14, Љуботен 10;

ИДНО КОЛО (18.03)

Гостивар 2 - Љуботен

Мега Баскет – ИБА Баскет

Спарта – Тетекс ТТК

Дибра Иглс - Хераклеа