05.12.2022

По поразот на Феникс Баскет во Струмица, промена на водечката позиција во групата „А“...

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Мега Баскет останува „непобедлив“, Маџари ГБ и Младинец на врвот

Осмото коло во третолигашката конкуренција, донесе и извесни промени на оние челни позиции на табеата во групата „А“.

Ги „предизвика“ поразот на екипата на Феникс Баскет на гостувањето во Струмица. Домаќините стигнаа до сигурни (74:62), а тој момент го искористи нивната конкуренција.

Во прв ред екипата на Маџари ГБ која без никакви проблеми славеше триумф на гостувањето во Свети Николе, против Овче Поле (89:58). Но и екипата на Младинец, која пак лесно го победи Спорт Тим од Неготино со (73:48).

Извесно е дека дилемата кој ќе биде лидер по затворањето на првиот круг ќе го донесе дерби-дуелот во наредниот викенд, во кој играат водечките две екипи во групата „А“,  Маџари ГБ и Младинец .

Во групата „Б“, прилепска Мега Баскет ја продолжи победничката низа. Прилепчани дојдоа до уште една важна победа. И тоа во Битола, против екипата на Хераклеа со (77:72), доволна за седми успех по ред, и број 1 на табелата.  

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 8.КОЛО

Овче Поле – Маџари ГБ 58:89

Младинец – Спорт Тим  73:48

Струмица – Феникс Баскет        74:62

МКК Вардар – Ролинг 08           79:74

08.12: Пробаскет – Дино Баскет        

ТАБЕЛА: Маџари ГБ 15, Младинец 15, Феникс Баскет 14, МКК Вардар 13, Струмица 12, Баскет Дино 12, Спорт тим 10, Ролинг 08 9, Овче Поле 9, Пробаскет 8;

ИДНО КОЛО (10.12)

Ролинг 08 – Овче Поле

Дино Баскет – МКК Вардар

Феникс Баскет – Пробаскет

Спорт тим – Струмица

Маџари ГБ - Младинец

ГРУПА „Б“

Хераклеа – Мега Баскет 72:77

Љуботен – Спарта 52:76

Тетекс ТТК – Албес           прек.

06.12: Гостивар – Дибра Иглс

ИБА Баскет - слободен

ТАБЕЛА: Мега Баскет 14, ИБА Баскет 11, Тетекс ТТК 10 (-1), Албес 10 (-1), Дибра Иглс 10 (-1), Хераклеа 10, Гостивар-2 9 (-1), , Спарта 9, Љуботен 7;

ИДНО КОЛО (10.12)

Спарта – Гостивар

Мега Баскет – Љуботен

Албес – Хераклеа

ИБА Баскет – Тетекс ТТК

Дибра Иглс - слободен