28.11.2022

Прилепчани ја запишаа и шестата победа, беа подобри од Тетекс ТТК (93:84), за максимален ефект

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Мега Баскет продолжува во мега стил

И по шест одиграни натпревари во третолигашката конкуренција, кошаркарите на Мега Баскет се и единствените со максимален ефект. Во овој круг од натпреварите, прилепчани на свој терен беа подобри од некогашниот второлигаш, Тетекс ТТК (93:84).

Доволно за задржување на макси-ефектот, шест победи во шест натпревари, ефект со кој се на два чекори пред конкуренцијата во групата „Б“.

Далеку посилна и поизедначена е конкуренцијата во групата „А“ во која по седум кола три екипи се на ефект од шест победи и еден пораз.

По победата над Маџари ГБ, младиот состав на Феникс Баскет беше поуспешен, и му го нанесе првиот пораз во сезоната на Младинец (82:72). Додека пак екипата на Маџари без никакви проблеми го „прегази“ Спорт Тим во Неготино (114:40).

Па сега овие три екипи се на скор (6-1), пред МКК Вардар и Дино Баскет кои имаат по четири победи.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

МКК Вардар - Овче Поле           73:46

Феникс Баскет – Младинец      82:72

Спорт тим – Маџари ГБ  40:114

29.11: Дино Баскет – Струмица

01.12: Ролинг 08 - Пробаскет

ТАБЕЛА: Маџари ГБ 13, Феникс Баскет 13, Младинец 13, МКК Вардар 11, Баскет Дино 10, Струмица 9, Спорт тим 9, Овче Поле 8, Пробаскет 8, Ролинг 08 6;

ИДНО КОЛО (03.12)

Овче Поле – Маџари ГБ

Младинец – Спорт Тим

Струмица – Феникс Баскет

Пробаскет – Дино Баскет

МКК Вардар – Ролинг 08

ГРУПА „Б“

Албес – ИБА Баскет          76:85

Дибра Иглс – Љуботен   80:64

Спарта – Хераклеа           76:71

Мега Баскет - Тетекс ТТК            93:84

Гостивар-2 – слободен  

ТАБЕЛА: Мега Баскет 12, ИБА Баскет 11, Тетекс ТТК 10, Албес 10, Дибра Иглс 10, Гостивар-2 9, Хераклеа 9, Спарта 7, Љуботен 6;

ИДНО КОЛО (03.12)

Тетекс ТТК – Албес

Хераклеа – Мега Баскет

Љуботен – Спарта

Гостивар – Дибра Иглс

ИБА Баскет - слободен