01.11.2021

Овој викенд стартуваа и натпреварите во групата „А“...

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: МКК Куманово е единствената екипа со две победи

Овој викенд се оформија и двете натпреварувачки групи во Третата лига-мажи. И тоа со одигрување на дел од натпреварите во групата „А“ во која се натпреваруваат осум екипи.

Во групата „Б“ пак се одигра вториот круг од натпреварите во кој, единствено екипата на МКК Куманово може да се пофали со две победи. На гостински терен во Дебар, кумановци беа многу подобри од Дибра Иглс, победија со убедливи (94:67).

До првите победи во новата сезона дојдоа и екипите на Мега Баскет, која го совлада Пробаскет со (88:70), Албес кој беше подобар од ИБА Баскет со (74:60), како и екипата на Тетова Булс која на гостински терен беше поуспешна од Риниа (67:54).

Почетна победа во новата натпреварувачка сезона запиша и Баскет Дино кој на домашен терен, во Кочани, ја совлада Крива Паланка (96:65).

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 1.КОЛО

Баскет Дино – Крива Паланка 96:65

Спорт тим – Куманово 2 20:0сл.

Младинец – Ролинг 08   одложено

02.11: Спарта – Вардар БС 2014

ИДНО КОЛО (06.11)

Крива Паланка – Ролинг 08

Баскет Дино – Спорт Тим

Вардар БС 2014 – Младинец

Куманово 2 – Спарта

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 2.КОЛО

Албес – ИБА Баскет          74:60

Дибра Иглс – МКК Куманово   67:94

Риниа Баскет – Тетова Булс      53:67

Мега Баскет – Пробаскет 2019 88:70

Работнички - слободен

ТАБЕЛА: МКК Куманово 4, Пробаскет 2019 3, Тетова Булс 3, Дибра Иглс 3, Албес 3, Работнички 2018 2, Мега Баскет 2, ИБА Баскет 2, Риниа Баскет 2;

ИДНО КОЛО (06.11)

Тетова Булс – Мега Баскет

МКК Куманово – Риниа Баскет

ИБА Баскет – Дибра Иглс

Работнички - Албес

Пробаскет 2019 - слободен