09.05.2022

Во финалниот натпревар кумановци го совладаа Работнички 2018 со резултат (66:63)

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: МКК Куманово како шампион влезе во второлигашката конкуренција

Екипата на МКК Куманово е победник во Третата лига-мажи за сезоната 2021/2022. Во одлучувачкиот натпревар, кој го дава првакот во оваа конкуренција, младите кумановци беа подобар противник од досега непобедливиот состав на Работнички 2018 со резултат (66:63), доволно да го освојат пехарот наменет за победникот во Третата лига.

Иако поразени, за прв пат во сезоната, младиот состав од „Градски парк“ како второпласирана екипа, исто така обезбеди место во Втората лига-мажи за натпреварувачката сезона 2022/2023.

Големото финале изоболуваше со голем број на пресврти, и во играта, секако и во резултатот. Кумановци ги добија првата и третата четвртина во која се изборија и за двоцифрена предност. Но во финишот, „црвено-белите“ го надополнија двоцифрениот дефицит, дури и преминаа во водство. Но екипата од Куманово го издржа тој притисок, доволно да го освои победничкиот трофеј.

Имаа четворица играчи со двоен број на поени,  Димитриевски даде 18, Јовановиќ 13, Краљевски 12, а Николовски уште десет поени.

Во поразената екипа, прв стрелец, со 21.поен беше Бошалески, Шошкиќ дополни со 12, а Величковски со 10.поени.  

Претходно, во натпреварот за третото место, екипата на Дино Баскет од Кочани, го победи Албес со (105:92).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

НАТПРЕВАР ЗА ПРВО МЕСТО

РАБОТНИЧКИ 2018 – МКК КУМАНОВО        63:66

(16-24; 20-13; 8-15; 19-14)

РАБОТНИЧКИ 2018: Шошкиќ 12, Србиновски 3, Митропетрос -, Оровчанец 8, Стојанов -, Бошалески 21, Балоски -, Апостолски 0, Вељковиќ 7, Саити 2, Трипуновски 0, Величковски 10;   

МКК КУМАНОВО: Стефановски 2, Антевски 2, Аврамовски 0, Димитриевски 18, Николовски 10, Перица -, Милановиќ 0, Стошиќ 3, Б. Стошиќ 6, Јовановиќ 13, Стојковиќ -, Краљевски 12;

НАТПРЕВАР ЗА ТРЕТО МЕСТО

АЛБЕС – ДИНО БАСКЕТ   92:105

(12-20; 32-29; 21-30; 27-26)

АЛБЕС: Ѓорѓиевски 25, Горгиевски 0, Саљиу 4, Ашани 4, Каришиќ 10, Ј. Хазири 11 Ф. Хазири 6, Исљами 6, Груевски 4, Трпески 15, Ѓорѓиев 3, Гетоар 3;  

ДИНО БАСКЕТ:  Лазарев 24, Филипов 22, Карајанов 0, Николов 4, Коцев 9, Томевски, Богданов 0, Ивановски 24, Романов 2, Илијев 8, Катов 9;