25.12.2023

Екипата на Бутел стигна до голема победа на гостувањето во Гевгелија (65:60) и му го нанесе првиот пораз во сезоната...

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Нема веќе „непобедливи“ на Истокот

ФОТО: Екипата на КК Струмица завршува како првопласирана во првата фаза

Нема веќе непобедливи екипи во групата „Исток“ од Третата лига-мажи.

Требаше да поминат 11.кола, односно повеќе од половината во календарската 2023 година, за екипата на Гевгелија, која за првпат се натпреварува во оваа конкуренција, го запише првиот неуспех. Згора на тоа, на домашен терен во дуелот со екипата на Бутел (60:65), исто така дебитант во третолигашката конкуренција.

Овој кикс на гевгеличани го искористи екипата на Струмица, коај со убедливата победа на гостински паркет против Феникс спорт (87:72), се изедначи со гевгеличани според бројот на бодови (двете со скор 9-1). Но поради подобриот кош-количник, Струмица е привремен број 1 во оваа источна група.

Блиску до овој скор е и екипата на Маџари ГБ, која во ова коло го победи тимот на Водњански лисици (84:74), за ефект од осум победи и два порази, додека веднаш зад нив е Бутел (скор 7-3).

Следното, 12.коло во оваа група ќе се игра на 27.јануари.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ - ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 11.КОЛО

Младинец – Ролинг 08   87:60

Феникс Спорт – Струмица         72:87

Водњански лисици – Маџари ГБ        74:84

Гевгелија – Бутел  60:65

Овче Поле – Баскет Кам 59:77

МКК Вардар - слободен

ТАБЕЛА: Струмица 19, Гевгелија 19, Маџари ГБ 18, Бутел 17, Баскет Кам 16, Водњански лисици 15, МКК Вардар 15, Феникс спорт 12, Младинец 12, Овче Поле 11, Ролинг 08 11;

ИДНО КОЛО (27.01.2024)

Феникс спорт – Младинец

Водњански лисици – Баскет Кам

Гевгелија – МКК Вардар

Овче Поле – Струмица

Бутел – Ролинг 08

Маџари ГБ - слободен

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ - ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО

Гостивар 2 – ГКК Охрид  58:64

Дибра Иглс – Црн Дрим 55:79

Љуботен – ИБА баскет    61:67

Хераклеа – Универзитет Тетово 104:51

Феникс баскет – слободен

ТАБЕЛА: Црн Дрим 16, Феникс баскет 15, ИБА Баскет 14, Хераклеа 12, ГКК Охрид 12, Гостивар 2 11, Дибра Иглс 10, Љуботен 9, Универзитет Тетово 9;

ИДНО КОЛО (10.02)

ГКК Охрид – Феникс баскет

Албес – Тетово Универзитет

Хераклеа – ИБА баскет

Љуботен – Црн Дрим

Дибра Иглс - Гостивар