24.04.2023

Тетекс ТТК е првиот полуфиналист, откако екипата на Струмица не го одигра мечот во Тетово...

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ: Домаќините без пардон, стигнаа до почетна предност

Со почетна предност (1-0) во четвртфиналната серија се стекнаа домашните екипи во првите мечеви од разирувањето за две места кои водат во Втората лига.

А директен пласман во полуфиналето обезбеди екипата на Тетекс ТТК која не го дочека дуелот на домашен паркет, против екипата на Струмица.

Имено, струмичани не се појавиле на теренот во салата во Тетово, по што го губат истиот со слубен резултат (0:20). А согласно со службените кошаркарски правила, ја губат и оваа серија, по што тетовци ќе го чекаат победникот од дуелите помеѓу екипите на Феникс баскет и Спарта.

Феникс баскет има предност затоа што го доби првиот натпревар на домашен терен со сигурни (77:67).

Во иста ситуција е и екипата на Мега баскет која стигна до повеќе од убедлив триумф против скопски Младинец (109:39), но и Маџари ГБ кој без проблеми го совлада Гостивар 2 со (80:56).   

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ПРВ НАТПРЕВАР

Феникс баскет  - Спарта 77:67 (1-0)

Мега баскет – Младинец          109:39 (1-0)

Маџари ГБ – Гостивар 2 80:56 (1-0)

Тетекс ТТК – Струмица   20:0 сл.