Вторите натпревари од четвртфиналната серија од плеј-офот во Третата лига, донесоа уште два полуфиналисти.
Тоа се екипите на Мега баскет и на Маџари ГБ, кои беа подобри од своите противници и на гостински терен.
Прилепчани беа сигурни на гостувањето кај Младинец, и со убедливи (65:48) стигнаа до втората победа во серијата која ги промовира во учесници на полуфиналето.
Таму се и кошаркарите на Маџари ГБ, кои славеа на гостувањето кај Гостивар-2 со повеќе од сигурни (74:56). И со максимални 92-0) ја затворија четвртфиналната серија.
Затоа пак, трет, односно решавачки натпревар ќе се игра во серијата во која играат екипите на Спарта и Феникс баскет. „Спартанците“ го изненадија лидерот во првата фаза, и на свој терен победија со (82:75), за нерешен скор (1-1) во оваа серија.
Нешто порано, пласман во првата „четворка“ обезбедија и кошаркарите на Тетекс ТТК, откако нивниот ривал, Струмица, не се појави на теренот во салата во Тетово, и согласно со службените кошаркарски правила ја загуби серијата.
Во полуфиналето, тетовци ќе го чекаат победникот од третиот натпревар помеѓу Феникс баскет и Спарта, додека пак втората полуфинална двојка ја сочинуваат Мега баскет и Маџари ГБ.
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ЧЕТВРТФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ
Спарта - Феникс баскет 82:75 (1-1)
Младинец - Мега баскет 48:65 (0-2)
Гостивар 2 - Маџари ГБ 56:74 (0-2)
Струмица - Тетекс ТТК 0:20сл. (0-2)