08.05.2023

Ако ги добијат следните натпревари на домашен терен, ќе обезбедат место меѓу второлигашите

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Гостински победи за Тетекс ТТК и Маџари ГБ

Екипите на Тетекс ТТК и на Маџари ГБ се стекнаа со почетна предност од (1-0) по одигрувањето на првите натпревари од полуфиналето на плеј-офот за пополнување на двете места кои водат во Втората лига за сезоната 2023/2024

ФЕНИКС БАСКЕТ – ТЕТЕКС ТТК 63:68 (0-1)

(20-12; 11-15; 17-15; 17-26)

Натпреварот беше исполнет со голем пресврт кој го направија гостите од Тетово. На почетокот, резултатската предност беше на страната на домашната екипа, која по десет минути од играта, водеше со (20:12). Во продолжението од играта тетовци полека ја намалуваа таа почетна негатива. Но до истекот на првото полувреме, само половина од истата (31:27). По израмнетата игра во третиот дел, клучната предност поранешниот второлигаш ја направи во последниот дел од играта. Оној во кој направија комплетен пресврт, на крајот доволно и за стартна победа.

До особено важниот триумф ги предводен искусниот Михајлоски кој реализираше 20.поени, а поентерски добро го следеа Ѓорчевски со 17 и Теофиловски кој имаше уште 11.

Кај Феникс баскет, Димевски реализираше 17.поени, Крстевски имаше 16, а Николовски реализираше 11.

МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ ГБ      79:83 (0-1)

(15-21; 27-16; 11-16; 22-22, 4-8)

Првиот дуел помеѓу двете екипи кои важеа за фаворити и во регуларниот дел, го одлучи продолжението од пет минути. Подобро го одиграа гостите од Скопје кои го решија во своја корист, за голема предност во пресрет на вториот круг од овие бараж-натпревари.

Во оној регуларен дел, екипата од Маџари го доби првиот период со (21:15), Мега баскет врати со парцијални (27:16), по кои на полувремето прилепчани имаа предност од (42:37).

По втор пат на натпреварот екипата од Скопје беше подобра и во третата четвртина во која обезбедија нерешен скор (53:53) со кој се влезе во периодот на одлука. Но ниту тие последни десет минути не беа доволни да се добие победникот. Во оние дополнителните пет, се чини дека пресудна беше тројката на Влаховиќ а во пенал-завршницата му помогна и најискусниот играч во Маџари ГБ, Диме Тасовски, кој оваа средба ја заврши со 24.реализирани поени. Два повеќе од Влаховиќ, а со 11 им помогна Макревски.

Кај Мега баскет, капитенот Стевананџија даде 23, Трајкоски даде 13, а Настески имаше 11. поени.  

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ПРВИ НАТПРЕВАРИ

Феникс баскет – Тетекс ТТК      63:68 (0-1)

Мега баскет – Маџари ГБ          79:83 (0-1)