11.05.2023

Славеа прилепчани на гостувањето со убедливи (74:59) за изедначување во серијата (1-1) која ќе има и трет натпревар

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Мега баскет победи во Маџари, ќе се игра „мајсторка“ во Прилеп

Овој викенд кој следува, повторно во Прилеп, ќе се игра т.н. „мајсторка“, по што ќе стане јасно која од овие две екипи догодина ќе игра во втората лига.

МАЏАРИ ГБ – МЕГА БАСКЕТ      59:74 (1-1)

(17-18; 16-17; 13-17; 13-22)

Три четвртини се играше доста изедначено, иако гостите од Прилеп ја имаа онаа постојана резултатска предност навистина не голема, но сепак и тоа како важна, пред се на психолошки план.

Одлуката падна во последната во која доста помладите кошаркари на Мега баскет успеаја да го „претрчаат“ противникот, да наметнат свој, доста побрз ритам на игра, и на крајот да дојдат до исклучително важен триумф со кој успеаја да ја вратат серијата во Прилеп, каде ќе бидат тргнати сите дилеми, кој оди во повисокиот ранг на натпреварување.

Капитенот Стевананџија и Крстевски кои реализираа по 16. поени, и Станимировиќ кој уфрли 14, го носеа прилепскиот тим кон првиот успех во оваа полуфинална серија.

На другата страна, кај Маџари ГБ,  Палевски постигна 11. поени, Тасовски имаше 9, а Макревски уште 8.поени.

Вечерва, од 20.часот, во Тетово, се игра и вториот натпревар од другата полуфиналната серија во кој Тетекс ТТК е домаќин на екипата на Феникс баскет. Тетовци се во голема предност по победата на првиот натпревар во Скопје (68:63).   

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ

РЕЗУЛТАТИ – ВТОРИ НАТПРЕВАРИ

Маџари ГБ - Мега баскет           59:74 (1-1)

ДЕНЕСКА:

20.00: Тетекс ТТК – Феникс баскет (1-0)