13.05.2023

Во решавачкиот меч, кошаркарите на Мега баскет беа подобри од Маџари ГБ (78:69)

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ-ПЛЕЈ-ОФ-ПОЛУФИНАЛЕ: Прилепчани слават, ќе играат во Втората лига

И дојдоа до вториот поен во полуфиналната серија кој им обезбедува статус на второлигаш во наредната натпреварувачка сезона 2023/2024.

МЕГА БАСКЕТ – МАЏАРИ ГБ      78:69 (2-1)

(26-14; 20-17; 15-11; 17-27)

МЕГА БАСКЕТ: Стевананџија 16, Петрески 7, Чакрески, Митрески 6, Станимировиќ 7, Крстески 17, Јаневски 8, Стојчески, Настески 13, Домлески 4, Трајкоски, Кузманоски

МАЏАРИ ГБ: Палевски 2, Димовски 8, Влаховиќ 9, Тасовски 19, Поцевски 3, Крстев 9, Величковски 2, Рајковски 6, Макревски 9, Тодоровски 2,

Пласманот во повисокито ранг на прилепчани е апсолутно е заслужен, ако се земе во предвид дека имаа доминација во „мајсторката“. Практично од првата до последната минута имаа постојано водство. Уште во првите десет минути изградија позитива од 12.поени (26:14), која во наредните десет ја зголемија, па на одморот веќе имаа комотни (46:31).

А сите дилеми околу патникот во Втората лига ги снема по три одиграни периоди, по кои Мега баскет побегна на недостижни (61:42).

До триумфот вреден место во второлигашката конкуренција тимот од Прилеп го водеа Крстески со 17, Стевананџија со 16, и Настески кој постигна 13.поени. Додека пак кај Маџари ГБ поентерски се одвои најискусниот, Диме Тасовски кој реализираше 19.поени, но остана без вистинска поентерска поддршка од соиграчите во последниот меч од сезоната.

Претходно, во само два натпревари, екипата на Тетекс ТТК го елиминираше Феникс баскет, и по пауза од само една сезона, се врати во Втората лига.  Овие две екипи во меѓусебен дуел, во финлето, ќе одлучат за тоа кој е најдобриот во Третата лига-мажи за оваа натпреварувачка сезона.