24.10.2022

Во групата „Б“, максимален ефект на екипите на Мега Баскет и Албес...

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Победа број 2 за Маџари ГБ, Дино Баскет и Феникс Баскет

Второто коло од натпреварите во Третата лига-мажи донесе доста возбудувања, и помалку и очекувани резултати.

Иако е рано да се даваат било какви прогнои, извесно е дека и во двдте групи, полека но сигурно се надзираат екипите кои ќе претендираат за местата кои водат во второлигашката конкуренција.

Во групата „А“, три екипи се со максимален учинок во првите две одиграни кола запишаа и втора победа.

Тоа се однесува на новакот во оваа конкуренција, Маџари ГБ кој со убедливи (96:52) го победи Пробаскет, потоа за кочански Дино Баскет кој беше многу подобар од „повратникот“ во сениорските лиги, екипата на Овче Поле (132:70), и Феникс Баскет кој делуваше мошне убедливо протов струмички Ролинг 08 (95:60).

Во групата „Б’, во таква позиција се екипите на Мега Баскет и на Албес. Прилепчани беа сигурни на домашен терен против Дибра Иглс со (84.55), а во доста неизвесен натпревар, Албес го победи Гостивар-2 со (73:68).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 2.КОЛО

Овче Поле – Дино Баскет          70:132

Феникс Баскет – Ролинг 08       95:60

Спорт Тим – МКК Вардар          88:98

Маџари ГБ – Пробаскет 96:52

24.10: Младинец – Струмица

ТАБЕЛА: Баскет Дино 4, Маџари ГБ 4, Феникс Баскет 4, МКК Вардар 3, Спорт тим 3 Младинец 2 (-1), Ролинг 08 2, Овче Поле 2, Пробаскет 2, Струмица 1 (-1)

ИДНО КОЛО (29.10)

Струмица – Овче Поле

Пробасект – Младинец

МКК Вардар – Маџари ГБ

Ролинг 08 – Спорт тим

Дино Баскет – Феникс Баскет

ГРУПА „Б“

Мега Баскет – Дибра Иглс         84:55

Албес – Гостивар-2          73:68

ИБА баскет – Љуботен   101:79

Тетекс ТТК – Хераклеа    90:49

Спарта – слободен

ТАБЕЛА: Мега Баскет 4, Албес 4, ИБА Баскет 3, Дибра Иглс 3, Хераклеа 3, тетекс 2 , Гостивар-2 2, Љуботен 2, Спарта 1;

ИДНО КОЛО (29.10)

Љуботен – Тетекс ТТК

Гостивар-2 – ИБА Баскет

Дибра Иглс – Албес

Спарта – Мега Баскет

Хераклеа - слободен