ФОТО: Екипата на Бутел е на една побда до пласман во Втората лига
Екипите на Црн Дрим и на Бутел се еден челор поблиску кон реализација на планираните цели – пласман во Втората лига во наредната натпреварувачка сезона.
Двете екипи кои ја имаат предноста на домашен терен во полуфиналето, стигнаа до убедливи победи во сериите кои водат кон финалето и место во повисок ранг на натпреварување.
Стружани, кои имаа максимален учинок во регуларниот дел, стигнаа до убедлива победа против екипата на Струмица (84:57) и за почетно водство (1-0) во оваа серија.
Статистиката вели дека М.Ќамилоски постигна 22.поени, Шабани имаше 14, Узуноски 12, а Петрески реализираше уште 11.поени за екипата на Црн Дрим.
Најголем број од поените за Струмица вкупно 15. ги реализираше Ѓоргиев, освен него, Хасанов имаше 12, а Шутаров додаде уште 10.поени.
Домашниот терен го одбранија и кошаркарите на Бутел кои беа многу подобри од младиот состав на Феникс баскет (108:60) и исто така го освоија првиот од двата потребни поени за место во Втората лига.
Тодоровски постигна 22.поени, Киров имаше еден помалку, Лазаревски додаде 17, а Милески уште 10.поени за победничката екипа.
Во онаа поразената, Чурлинов беше стрелец на 20.поени, Ристовски даде 13, а Саздовски имаше 12. реализации.
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ - ПОЛУФИНАЛЕ
РЕЗУЛТАТИ - ПРВ НАТПРЕВАР
Црн Дрим – Струмица 84:57 (1-0)
Бутел – Феникс баскет 108:60 (1-0)
*Сериите се играат според системот „подобар во три натпревари“