08.04.2024

Четирите најдобри екипи од „Истокот“ и од „Западот“ во втората фаза ќе играат за две места во Втората лига  

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Познати се четвртфиналните двојки од доигрувањето

Овој викенд заврши оној регуларен дел од сезоната во Третата лига. А четирите најдобри екипи од двете групи „Исток“ односно „Запад“, обезбедија место во онаа наредната, плеј-офот, односно доигрувањето во кое ќе се бараат две од нив кои во следната сезона ќе бидат дел од Втората лига.

Екипата на Црн Дрим од Струга е единствената која во овој дел од сезоната одигра беспрекорно, односно дојде до победата на сите 16. одиграни натпревари и го освои првото место во групата „Запад“. Место во доигрувањето во оваа конкуренција обезбедија уште и екипите на Феникс баскет, ИБА баскет, Хераклеа.

На „Истокот“ далеку повозбудлив финиш во кој како првопласирана на целта „излезе“ екипата на Бутел, која има ист број на бодови со екипата на Струмица (по 36), но и подобар скор во меѓусебните дуели (186:152).

Егал е и скорот на трето и четвртопласираната екипа во оваа група, Маџари ГБ и Гевгелија. Двете екипи завршија со 35.освоени бодови. Но, екипата од Маџари има подобар меѓусебен биланс во однос на онаа од Гевгелија (166:155), поради што во доигрувањето ќе стартува од третата позиција.  

Согласно со системот за натпреварување во втората фаза, во четвртфиналето ќе се игра според системот „подобар во три натпревари“ (1-1-1), со предност на домашен терен на подоброрангираните екипи. Серијата која треба да ги даде четирите полуфиналисти, стартува на 13.април, на 17 ќе се играат вторите мечеви, додека евентуалната „мајсторка“ ќе се игра на 20 или 21. април.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА – ИСТОК

РЕЗУЛТАТИ 22.КОЛО

Ролинг 08 – Младинец   78:81

Струмица – Феникс спорт         107:74

Маџари ГБ – Водњански лисици        69:102

Бутел – Гевгелија  93:66

Баскет кам – Овче Поле 87:77

Вардар - слободен

ТАБЕЛА: Бутел 36, Струмица 36, Маџари ГБ 35, Гевгелија 35, Водњански лисици 34, Баскет кам 32, МКК Вардар 30, Феникс спорт 25, Младинец 24, Овче поле 22, Ролинг 08 21;

*Екипите на Бутел, Струмица, Маџари ГБ, Гевгелија се пласираа во доигрувањето

ГРУПА – ЗАПАД

РЕЗУЛТАТИ 18. КОЛО

Црн Дрим – Дибра Иглс 108:45

ИБА баскет – Љуботен   70:87

Универзитет  Тетово – Хераклеа        70:93

10.04: ГКК Охрид – Гостивар

Феникс баскет - слободен

ТАБЕЛА: Црн Дрим 32, Феникс баскет 29, ИБА баскет 26, Хераклеа 25, Љуботен 23, Дибра Иглс 21, Универзитет Тетово 20, ГКК Охрид 19, Гостивар 2 18;

 

*Екипите на Црн Дрим, Феникс баскет, ИБА баскет, Хераклеа се пласираа во доигрувањето

 

ДВОЈКИ – ЧЕТВРТФИНАЛЕ (ДОИГРУВАЊЕ)

Бутел - Хераклеа

Струмица – ИБА Баскет

Феникс баскет - Маџари ГБ

Црн Дрим - Гевгелија

*Сериите се играат според системот „подобар во три натпревари“, стартуваат на 13.април