По одигрувањето на регуларниот дел во двете групи „Исток“ и „Запад“, формирани се четвртфиналните двојки за разигрувањето во Третата лига-мажи.
Според системот „вкрстување“ на екипите од групата „Исток“ со екипите од групата „Запад“, почнувајќи од 9.април, ќе стартуваат четвртфиналните серии, според принципот „подобар од три натпревари“:
Двојка 1 - (А1) Младинец - (Б4) Албес,
Двојка 2 - (Б1) Работнички 2018 - (А4) Спорт Тим
Двојка 3 - (А2) Баскет Дино - (Б3) Дибра Иглс,
Двојка 4 - (Б2) МКК Куманово - (А3) Спарта
Согласно со системот за натпреварување, полуфиналните натпревари ќе се одиграат според истиот принцип, „подобар од три натпревари“, а првите натпревари во серијата се на 27.април.
Победник Двојка 1 и Двојка 4 – Победник Двојка 2 и Двојка 3.
Победниците во полуфиналните натпревари ќе бидат нови членови во Втората лига-мажи за сезона 2022/23 година.
Натпреварите за прво и за трето место во оваа конкуренција ќе се одиграат на 7.мај.