ФОТО: Без пораз во регуларниот дел - екипата на Работнички 2018
Со одигрувањето на натпреварите од 14. коло од групата „Исток“ и 18. коло од групата „Запад“, заврши првиот дел од натпреварувањето во Третата-лига-мажи.
Познати се и најдобрите осум екипи, четирите првопласирани од двете групи, кои ќе продолжат понатаму, во битките за две места кои водат во повисок ранг на натпреварување – Втората лига.
Пласман во четвртфиналето од групата „Исток“ обезбедија екипите на Младинец (има уште еден неодигран натпревар, против екипата на Крива Паланка), Дино Баскет, Спарта и Спорт Тим од Неготино.
Противници во четвртфиналната фаза која стартува веќе на 9.април, ќе им бидат екипите од групата „Запад“, односно: Работнички 2018, МКК Куманово, Албес и Дибра Иглс.
Согласно со системот за натпреварување, пласман во полуфиналето ќе обезбедат победниците во четирите серии од четвртфиналето кое се играат уште и на 13. април, и евентуално на 16.април), според принципот „подобар во три натпревари“.
Четирите најдобри во овие серии ќе играат според истиот принцип „подобар во три натпревари“, на 27. април, 30.април, и евентуално на 4. мај.
Победниците ќе играат во финалето, закажано за 7. мај, а како награда добиваат место во Втората лига -мажи за натпреварувачката сезона 2022/2023.
ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ
ГРУПА „ИСТОК“
РЕЗУЛТАТИ 14. КОЛО
Спарта – Ролинг 08 91:41
Спорт Тим – Вардар БС 2018 86:76
04.04: Крива Паланка – Младинец
Баскет Дино – слободен
ТАБЕЛА: Спарта 21, Баскет Дино 21, Младинец 20 (-1), Спорт Тим 18, Вардар БС 2014 16, Крива Паланка 14 (-1), Ролинг 08 12;
ГРУПА „ЗАПАД“
РЕЗУЛТАТИ 18.КОЛО
Тетова Булс – Албес 98:94
Пробаскет 2019 – Дибра Иглс 73:91
МКК Куманово – Работнички 2018 64:70
ИБА Баскет - слободен
ТАБЕЛА: Работнички 2018 24, МКК Куманово 21, Албес 18, Дибра Иглс 18, Пробаскет 2019 15, Тетова Булс 15, ИБА Баскет 16;