27.03.2023

Прилепчани загубија на гостувањето во Тетово, Тетекс ТТК беше подобар со (71:65)

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Прв пораз за Мега баскет

ФОТО: Кошаркарите на Тетекс ТТК славеа важен триумф против Мега баскет

Нема веќе непоразени екипи во третата лига... Екипата на Тетекс ТТК успеа да го сопре победничкиот чекор на кошаркарите на Мега баскет. На свој терен, тетовци стигнаа до победата над прилепскиот третолигаш, доволно за ефект (10-3) и второ место на табелата. Токму зад својот голем ривал од Прилеп кој има 11 победи во 12 одиграни мечеви во досегашниот дел од сезоната.

Многу понеизвесно е во групата „А“, а неизвесноста околу тоа кој ќе заврши на првото место, ја прават двете водечки екипи во овој сегмент, Феникс баскет односно Маџари ГБ.

Феникс баскет беше подобар од Младинец, и на гостински терен победи со (71:59) за одржување на самиот врв на табелата со ефект (14-2). Идентичен како и тимот од Маџари кој во овој круг од натпреварите беше немилосрден кон Спорт тим од Неготино (115:56).

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 16.КОЛО

Овче Поле – МКК Вардар          61:103

Струмица – Баскет Дино            84:65

Младинец – Феникс баскет      59:71

Маџари ГБ – Спорт тим  115:56

28.03: Пробаскет – Ролинг 08

ТАБЕЛА: Маџари ГБ 30, Феникс баскет 30, Струмица 27, Младинец 26, Баскет Дино 26, МКК Вардар 25, Спорт тим 19, Овче Поле 19, Пробаскет 18, Ролинг 08 16;

ИДНО КОЛО (01.04)

Маџари – Овче Поле

Сппрт тим – Младинец

Феникс 2010 – Струмица

Дино Баскет – Пробаскет

Вардар – Ролинг 08

ГРУПА „Б“

Љуботен – Дибра Иглс   58:78

Хераклеа – Спарта           69:77

Тетекс ТТК – Мега баскет           71:65

ИБА баскет - слободен

Гостивар 2 - слободен

ТАБЕЛА: Мега Баскет 23, Тетекс ТТК 23, Гостивар-2 20, ИБА Баскет 18, Хераклеа 18, Дибра Иглс 18, Спарта 17, Љуботен 12;

ИДНО КОЛО (01.04)

Мега баскет – Хераклеа

Спарта – Љуботен

Дибра Иглс – Гостивар-2

Тетекс ТТК - слободен

ИБА баскет  слободен