20.12.2021

Седум победи се зад младите кошаркари од „Градски парк“ во групата „Б“ пред паузата во оваа конкуренција

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Работнички 2018 ќе „презими“ со максимален резултат

Овој викенд се играа само натпреварите од групата „Б“. А најголем напредок реализираше екипата на Работнички 2018 која ја презема водечката позиција во групата. Избраниците на тренерот Андреј Апостолски Лечиќ за кратко време направија уште две победи. Последната беше овој викенд против екипата на МКК Куманово (84:78).

Доволно за да го задржат максималниот ефект, и полусезоната да ја завршат на првото место, со седум победи. Или една повеќе во однос на следбеникот прилепски Мега Баскет кој во ова коло беше слободен и остана на ефект (6-1). Инаку, наредните натпревари во третата лига, во оваа група ќе продолжат на 29. јануари.

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 7.КОЛО

Младинец – Крива Паланка     84:67

Ролинг – Спарта    74:103

Вардар БС 2014 – Спорт Тим    75:72

Баскет Дино - слободен

ТАБЕЛА: Спарта 12, Младинец 11, Баскет Дино 10, Спорт Тим 8, Крива Паланка 8, Ролинг 7, Вардар БС 2014 7;  

ИДНО КОЛО (12.02.2022)

Крива Паланка – Баскет Дино

Ролинг – Младинец

Куманово - Спорт Тим

Вардар – Спарта

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 9.КОЛО

Работнички 2018 – МКК Куманово    84:78

Албес – Тетова Булс        82:61

Дибра Иглс – Пробаскет 78:84

Мега Баскет – слободен

ИБА Баскет – слободен

ТАБЕЛА: Работнички 2018 14, Мега Баскет 13, МКК Куманово 12, Пробаскет 2019 10, Албес 10, Дибра Иглс 9, ИБА Баскет 8, Тетова Булс 7;

ИДНО КОЛО (29.01.2022)

Мега Баскет – слободен

Риниа – Пробаскет

Дибра Иглс – Тетова Булс

Албес - МКК Куманово

Работнички – ИБА Баскет