Без многу измени на табелата и без изненадувања помина уште едно натпреварувачко коло во двете групи од третата лига-мажи.
Екипите кои важат како „непобедливи“ го задржаа тој епитет.
Во групата „А“, Спарта делуваше доминантно во средбата со Крива Паланка. Скопскиот состав славеше со повеќе од убедливи (91:55) за максимални „четири од четири“ во пет одиграни кола.
Истиот ефект го има и екипата на Младинец, која во овој круг од натпреварите излезе како победник во мечот против Спорт Тим од Неготино (82:71).
Во групата „Б“, во ист ритам продолжија и младите кошаркари на Работнички 2018 кои во најинтересниот меч на ова коло, славеа на гостувањето во Прилеп. Беа подобри од Мега Баскет, победија со (103:84), за четврта победа по ред и позиција погоре во однос на прилепчани.
Лидер, според бројот на бодовите, е екипата на МКК Куманово, која, помалку и очекувано, беше поуспешна од тимот на Тетова Булс (82:57).
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 5.КОЛО
Спарта – Крива Паланка 91:55
Младинец – Спорт Тим 82:71
Ролинг – Баскет Дино 64:89
Вардар – слободен
ТАБЕЛА: Спарта 8, Баскет Дино 8, Младинец 8, Крива Паланка 7, Спорт Тим 5, Ролинг 5, Вардар БС 2014 4;
ИДНО КОЛО (04.12)
Спарта – Младинец
Баскет Дино – Вардар
Спорт Тим - Ролинг
Крива Паланка - слободен
ГРУПА „Б“
РЕЗУЛТАТИ 6.КОЛО
Мега Баскет – Работнички 2018 84:102
Пробаскет – ИБА Баскет 20:0сл.
Тетова Булс – МКК Куманово 57:82
Албес - слободен
Дибра Иглс - слободен
ТАБЕЛА: МКК Куманово 9, Мега Баскет 9, Работнички 2018 8, Дибра Иглс 7, Пробаскет 2019 6, ИБА Баскет 5, Албес 5, Тетова Булс 4;
ИДНО КОЛО (04.12)
ИБА Баскет – Тетова Булс
Работнички – Пробаскет
Албес - Мега Баскет
Дибра Иглс - слободен
МКК Куманово – слободен