31.01.2022

Младите кошаркари од „Градски Парк“ славеа со двојно поголеми (116:62) против ИБА Баскет

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Работнички 2018 не го дава првото место

Овој викенд продолжи и натпреварувањето во Третата лига, односно „Б“ групата од овој натпреварувачки сегмент.
Се одиграа три натпревари, а екипата-лидер, ја потврди позицијата. Работнички 2018 беше двојно подобра во дуелот со ИБА Баскет (116:62). За максимални осум победи во исто толку одиграни натпревари.  

Интересен меч се одигра во Дебар, каде домашната екипа Дибра Иглс го совлада Тетова Булс (78:70), додека пак многу помали дилеми околу конечниот победник имаше на дуелот Албес-МКК Куманово во кој победија домаќините со сигурни (95:80).

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 10.КОЛО

Дибра Иглс – Тетова Булс         78:70

Албес - МКК Куманово   95:80

Работнички – ИБА Баскет          116:62

Мега Баскет – слободен

Пробаскет- слободен

ТАБЕЛА: Работнички 2018 16, МКК Куманово 13, Мега Баскет 13, Албес 12, Дибра Иглс 11, Пробаскет 2019 10, ИБА Баскет 9, Тетова Булс 8;

ИДНО КОЛО (05.02)

ИБА Баскет – Албес

МКК Куманово – Дибра Иглс

Пробаскет – Мега Баскет

Работнички 2018 – слободен

Тетова Булс – слободен