28.03.2022

Вториот тим од „Градски парк“ остана на максимален број на победи во оваа конкуренција – 13!

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ: Работнички 2018 не попушта

Младите кошаркари на Работнички 2018 запишаа уште една 13. по ред победа во третолигашката конкуренција. Лидерот во групата „Б“ оствари уште еден убедлив триумф, сега во натпреварот со Тетова Булс (101:59), па во последното коло, против екипата на Куманово ќе бара стонастотен ефект пред разигрувањето за пласман во погорниот ранг на натпреварување.

Во групата „А“, доста важна победа реализираа кошакарите на Дино Баскет, на гостински терен против Вардар БС 2014 со (85:79) со која ја задржаа водечката позиција. На неа атакува екипата на Младинец, која во овој круг од натпреварите беше подобра од Спарта (74:66), која сега е третопласирана во оваа група.

ТРЕТА ЛИГА-МАЖИ

ГРУПА „А“

РЕЗУЛТАТИ 13. КОЛО

Младинец – Спарта         74:66

Ролинг 08 – Спорт тим    51:92

Вардар БС 2014 – Баскет Дино            79:85

Крива Паланка - слободен

ТАБЕЛА: Баскет Дино 21, Младинец 20, Спарта 19, Спорт Тим 16, Вардар БС 2014 15, Крива Паланка 14, Ролинг 08 11;

ИДНО КОЛО (02.04)

Крива Паланка – Младинец

Спарта – Ролинг 08

Спорт тим – Вардар БС 2018

Баскет Дино – слободен

ГРУПА „Б“

РЕЗУЛТАТИ 17.КОЛО

ИБА Баскет – МКК Куманово   52:72

Работнички 2018 – Тетова Булс          101:59

Албес – Пробаскет           89:64

Дибра Иглс - Мега Баскет          51:73

ТАБЕЛА: Работнички 2018 26, Мега Баскет 25, МКК Куманово 21, Албес 19, Дибра Иглс 18, Пробаскет 2019 16, ИБА Баскет 16, Тетова Булс 15;

ИДНО КОЛО (02.04)

Тетова Булс – Албес

Пробаскет 2019 – Дибра Иглс

МКК Куманово – Работнички 2018

ИБА Баскет - слободен

Мега Баскет – слободен