Четири екипи во двете групи од Третата лига-мажи продолжуваат со добрите игри и победи.
Во групата „А“, каде се играше 4. коло, славеа двете водечки екипи. Спарта го победи составот на Спорт Тим во Неготино со високи (102:91), додека пак „стотка“ запиша и екипата на Младинец. На гостински терен во Кочани, со минимални (100:98) е совладан Дино Баскет.
Доволно за оддржување на стонастотниот ефект во групата „А“.
Во групата „Б“, лидерска екипа е Мега Баскет. Во ова, за нив петто коло, прилепчани беа подобри од ИБА Баскет (86:73) за скор (4-0) и прва позиција на табелата.
Без пораз, но со еден помалку одигран натпревар е и екипата на Работнички 2018 која во ова коло беше слободна по откажувањето на Риниа.
ГРУПА „А“
РЕЗУЛТАТИ 4.КОЛО
Крива Паланка – Вардар 91:71
Спорт Тим – Спарта 91:102
Баскет Дино – Младинец 98:100
Ролинг - слободен
ТАБЕЛА: Спарта 6, Младинец 6, Баскет Дино 6, Крива Паланка 6, Ролинг 4, Спорт Тим 4, Вардар БС 2014 4;
ИДНО КОЛО (27.11)
Спарта – Крива Паланка
Вардар – Куманово
Младинец – Спорт Тим
Ролинг – Баскет Дино
ГРУПА „Б“
РЕЗУЛТАТИ 5.КОЛО
МКК Куманово – Пробаскет 77:71
ИБА Баскет – Мега Баскет 73:86
Албес – Дибра Иглс 69:72
Тетова Булс – слободен
Работнички 2018 – слободен
ТАБЕЛА: Мега Баскет 8, МКК Куманово 7, Дибра Иглс 7, Работнички 2018 6, ИБА Баскет 5, Албес 5, Пробаскет 2019 4, Тетова Булс 3;
ИДНО КОЛО (27.11)
Мега Баскет – Работнички 2018
Пробаскет – ИБА Баскет
Тетова Булс – МКК Куманово
Албес - слободен
Дибра Иглс - слободен